11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот

На 20.3.2022, во 23:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар го лишиле од слобода Џ.Д.(48) од Скопје.

Тој се сомничи дека дека околу 21:00 часот со употреба на сила влегол во подрумска просторија на ул. Емин Дураку , сопственост на А.Џ.(29) од Скопје и одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.