Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Муштерија нападна касиери во скопски маркет оти не сакал да стави маска

Муштерија нападна касиери во скопски маркет кога одбил да стави заштитна маска за запазување на ковид-протоколите.

Од МВР информираат дека настанот се случил во Центар, а нападнати биле двајца вработени во маркетот.

„На 15.3.2022, во 22 часот, В. П. (22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот, додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар, влегол маж на возраст од 30-ина години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи. Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало“, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

C +