Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен малолетник од Скопје, управувал автомобил и носел пиштол

Вчера, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници запреле патничко моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје.

Како што информираат од МВР, при преглед кај него бил пронајден пиштол „екол туна мод 635“.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ поднесува интерпелација за Трајко Славески за Алта банка, бараме одговорност

ДЕСК

Тренчевска: СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница за заштита на жените и одговорност од институциите

ДЕСК

Стојаноски: Буџетот за 2027 година е буџет на развој со околу 663 милиони евра за капитални инвестиции, интензивно ќе се работи на изградба на автопатските и железнички делници, ќе се градат пречистителни станици

ДЕСК