Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец фатен во кражба – ограбувал подруми на Бит-пазар

Полицијата синоќа приведе 25-годишен скопјанец, кој бил фатен како краде на подрачјето на Бит-пазар.

Според информациите од МВР, О.М. со употреба на сила и подесен алат, од подрумските простории од зграда одзел разни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 58.500 денари.

Пријавениот бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, а украдените предмети се вратени на оштетените. По целосното документирање на случајот ќе следи кривична пријава за извршени 7 кривични дела тешка кражба.

Можеби ќе ве интересира

Димитриевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!

ДЕСК

ВОЗЕЛ „АУДИ“ СО 2,20 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ – Приведен скопјанец во Охрид, возилото му е одземено

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев

ДЕСК