11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Борел: Не можам да ви ветам датум, но можам да ви ветам волја

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, кој престојува во посета на земјата порача дека е потребен почеток на преговорите за пристапување на Македонија и Албанија, но не може да вети датум.

„Мојот став е дека треба да почнеме што побргу со формални разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија. Се надевам дека тоа ќе се случи на идната конференција“, порача Борел додавајќи дека не може да вети датум, но може да вети волја. Таму каде што има волја, рече Борел, има и начин.

Борел го поздрави новиот импулс меѓу Македонија и Бугарија за решавање на спорот повторувајќи ја пораката дека проширувањето не може да продолжи ако е попречено од билатерални прашања, дури и ако се засновани на етничко-лингвистички согледувања.

Ја пофали и позицијата на Македонија во однос на руско-украинскиот спор.

„Тоа што се усогласивте со рестриктивните мерки јасно ја покажува вашата посветеност кон вредностите на ЕУ и ве става на патот кон Европа не само како кандидатка за членство туку и како одговорен член на меѓународната заедница“, изјави Борел.

Според него, ова е момент за будење на Европа. Рече дека војната на Путин не се однесува само на Украина, туку дека се работи за непочитување на меѓународното право и принципите, како и за стабилноста и безбедноста на Европа.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

C +

Филипче: Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?

C +

Филипче за Кузмановски: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил некои пациенти

C +
error: Соддржината е заштитена.