Centar.mk
БИЗНИС

Српската влада привремено забрани извоз на пченица, пченично брашно, сончогледово масло

Српската влада донесе одлука за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи – пченица, пченично брашно, пченка и сончогледово масло.

Дополнително, на неодамна завршената седница беше донесена и уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати, која се однесува на „евродизел“ и на „европремиум БМБ 95“, која ќе стапи во сила од утре и ќе важи во наредните 30 дена, до 11 април.

Одлуката е донесена со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, соопшти српската влада, а имајќи предвид дека во претходниот период имаше поскапување на нафтените деривати.

Забраната за извоз во вторникот вечерта ја најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој рече дека нема извоз на нафта, пченица, пченка и брашно и дека ќе има повеќе од доволно за Србија и за регионот.

Против забраната за извоз беа извозниците на пченица и пченка, но и самите земјоделци. Воведувањето извозни квоти го гледаа како најдобро и најрационално решение во моментот, а целосната забрана, како што изјавија за „Данас“, ќе го уништи земјоделството и ќе има несогледливи последици.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

ДЕСК

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

ДЕСК

Одговорноста е твоја најголема добивка

ДЕСК