10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МНР испраќа дипломати во Украина за евакуација на македонските државјани

Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина за асистирање на евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани.

Како што информираа од Министерството, екипата ќе биде сочинета од актуелниот амбасадор во земјата, Крум Ефремов, заедно со уште еден искусен конзуларен работник.

„Досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се сè уште на украинска територија, како и нивни членови на семејство украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори; нивното движење постојано го следиме сè до нивното напуштање на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава“, велат од Министерството.

Информираат дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато, се одвива по споредни рути кои се преполни, и оттука движењето е бавно.

Министерството за надворешни работи продолжува одблиску да ја следи состојбата и за секоја нова промена соодветно ќе ја информира јавноста.