Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се бара притвор за дилер од Скопје

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка ротив 42-годишен скопјанец поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Од Обвинителството информираат дека осомничениот во текот на февруари набавил одредено количество марихуана и амфетамин од непознато лице.

„Осомничениот ги препакувал во помали пакувања и ги подготвил за продажба. При преглед на неговиот автомобил на 28 февруари, полициски службеници откриле вкупно 16,21 грам марихуана и 8,73 грама амфетамин спакувани во повеќе полиетиленски пакувања“, велат од Обвинителството.

Доставен е предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице.

Можеби ќе ве интересира

РЕФОРМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАВРШНИЦА – Мицкоски очекува најголемиот дел да биде заокружен до крајот на годината

ДЕСК

ОБРАЗОВАНИЕТО ПРЕД НОВИ ПРОМЕНИ – Јаневска вели дека се реализирани над 75 проценти од реформите

ДЕСК

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК