Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Колева: Ја зголемуваме субвенцијата за Зелена нафта од 100%, нова поддршка за земјоделците

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ:

На денешната собраниска седница на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој.

Со овие измени и дополнувања на дело ја потврдуваме грижата за земјоделците и земјоделското производство.

Измените на законот предвидуваат процентот на субвенционирањето на нафтата за земјоделска механизација, таканаречената зелена нафта, да се зголеми двојно, односно од 50 на 100 отсто.

Тоа значи целосно покривање на трошоците за нафта за речиси 50.000 земјоделци кои и претходно ја користеа оваа мерка.

Во време на светска енергетска криза, кога цените на горивата на светските берзи растат, ова е важна мерка за зголемување на домашното земјоделско производство

Понатаму, во Законот се пропишува можност за авансна исплата на средствата од мерката Млад земјоделец, како и обврска за 30 отсто авансна исплата на мерките за директни плаќања.

Во време на глобална економска криза, постојаниот раст на цената на храната на светските пазари, и особено е важно да го поддржиме домашното земјоделство кое е една од клучните стопански гранки.

Ги повикувам сите пратеници да дадат поддршка и да гласаат за овие измени на Законот.

СДСМ во изминативе години покажа на дело што значи вистинска грижа за земјоделците, имаме рекордна исплата на субвенции, кои денес се исплаќаат неселективно и навремено кон сите кои ги исполнуваат условите.

Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на мерки и политики кои се во интерес на земјоделците и обезбедуваат услови за силно и конкурентно домашно земјоделство.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК