23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93 % во однос на Одлуката од 21.2.2022 година.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,711%, кај дизелот за 1,997% , кај екстра лесното масло има намалување за 2,329% и кај мазутот зголемување за 2,701% .

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,249 денар/килограм и сега ќе изнесува 48,170 ден/кг.

Од 1.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,170 (денари/килограм)

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,496% .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.