19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Вистинската адреса за протестите на војниците е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, таа партија ги блокира измените на Законот за служба во Армијата

Соопштение на СДСМ:

Решението за припадниците на Армијата со навршени 45 години е веќе подготвено преку Законот за служба во Армијата кое се наоѓа во Собранието.

Токму овој закон со месеци е блокиран од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму вистинската адреса за денешниот протест е пред седиштето на оваа партија.

СДСМ преку Владата, министерството за одбрана и парламентарното мнозинство што го предводи во изминатите години сериозно го зајакна економскиот стандард и статусот на вработените во одбраната.

Има драстично покачување на платите, обезбедивме надомест од 8 000 денари за станарина и континуирано ги подобруваме условите за работа.

Продолжуваме да се грижите за војниците, ќе сториме се за да ги надминеме блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и потребните измени на Законот за служба во Армијата кои со нетрпение ги очекуваат сите припадници на Армијата.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК