1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Го продолжуваме долгогодишното партнерство со Советот на Европа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, се сретна со претставници на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. На состанокот се разговараше за досегашната и за идната соработка меѓу Министерството и проектите на Советот на Европа за промоција на еднаквоста и различноста, спречување и борба против трговија со луѓе, програмата „Ромактед“ – фаза 2, промовирање добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво. Министерката посочи дека Министерството за труд и социјална политика има одлична соработка со Советот на Европа за која очекува да продолжи и во иднина.

„Поддршката е многу важна и затоа во наредниот период ќе настапиме со нови идеи во делот на политиките, каде што се допираат нашите надлежности, вашите како Совет на Европа и на МТСП, во делот на еднаквоста, маргинализираните групи, дел и во трудовото право. Треба да ја продлабочиме соработката и во делот на човековите права и антидискирминација и во борбата за сузбивање на говорот на омраза“, рече Тренчевска.

Претставниците на програмската канцеларија на Советот на Европа информираа дека во почетна фаза е кампањата за подигање на свеста кај граѓаните во борбата против нетолерантноста во општеството, со наслов „Блокирај ја омразата, сподели љубов“. Со кампањата ќе бидат опфатени повеќе таргет-групи на млади и на стари, вработени и невработени, спортисти.

Советот на Европа е долгогодишен партнер на Министерството за труд и социјална политика во развојот на важни прашања и човекови права. Заедничките проекти се финансирани од Европската Унија и од Советот на Европа.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +