Centar.mk
БИЗНИС

Бесими: РС Македонија неделава го очекува одговорот за поддршка од Европскиот инвестициски план на поднесените проекти

РС Македонија во текот на оваа недела очекува одговор за подесените апликации за четри проекти за поддршка преку програмата на Европската комисија за поддршка на Западен Балкан.

Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими по завршување на средбите во Брисел, потенцирајќи дека земјата има аплицирано со четри проекти од областа на транспортот, животната средина и енергетиката и дека се очекуваат резултати дали истите би биле поддржани и во колкав износ.

Со Планот за забрзан економски раст планирани се во наредните пет години 4 милијарди евра инвестиции од јавниот сектор и дополнителни 8 милијарди евра од приватниот сектор. Овие планирани инвестиции и нивното поврзување со Европскиот инвестициски план и можноста за нивна поддршка беа тема на средбите во Брисел.

Европската инвестициска програма предвидува инвестиции од 9 милијарди евра во Западен Балкан во период од 2021 до 2027 година, и дополнително 20 милијарди евра средства што можат да се повлечат преку Гарантен фонд од приватниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

ДЕСК

Со енергетска ефикасност до помали трошоци: Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Оваа наша банка предвреме ги исплати пензиите – овој пат тие се покачени за 1.000 денари согласно владината одлука

ДЕСК