Centar.mk
БИЗНИС

Закерберг „запали“ 500 милијарди долари ребрендирајќи го Фејсбук во Мета

Никогаш немало самозапалување слично како Meta Platforms, матичната компанија на Фејсбук, објави весникот „Њујорк Магазин“.

Компанијата за социјални мрежи на Марк Закерберг загуби повеќе од половина трилион долари во пазарна вредност од нејзиниот пик во август – околу половина од таа вредност „испари“ во еден ден, најголем пад досега – во услови кога почнува да слабее од постојаната опсада на конкурентите и неистомислениците надвор и внатре.

Последиците се толку лоши што „Мета“, некогаш шестата по големина компанија во светот по пазарна капитализација, испадна од првите десет, заменета со два производители на компјутерски чипови, „Беркшир Хатавеј“ на милијардерот Ворен Бафет и кинеската компанија за е-трговија „Тенс“ (Tence).

За извршен директор, кој отворено се додворуваше на споредбите со римскиот император Август, тоа е срамен пад од ретката група компании доминантни во светот, коментира весникот, алудирајќи на Закерберг.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК