Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски е лицемерен, не сака ниту обединување, ниту единство

Христијан Мицкоски е лицемерен и воопшто не е искрен, тој не сака ниту обединување, ниту единство околу ниедно прашање од национален интерес, обвини СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ на проблемот со Бугарија единствено гледа како можност да крева тензии и го гради лажниот патриотизам за своите дневнополитички потреби. Истото се случува и со многу важни закони во Собранието. Додека ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за стандардот на граѓаните, нивните пратеници кочат и блокираат закон за повисоки плати во образованието, се противеа на раст на минималната плата и поднесуваат паушални закони за раст на пензиите.

Во време кога се решаваат последици од кризите, кога треба да се носат суштински закони за унапредување на животниот стандард на граѓаните, Мицкоски бара предвремени избори за дополнително да ги закочи институциите со цел да ги прикрие неспособноста и неработењето на неговите градоначалници.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не работат за граѓаните и државата, тие знаат само да шират лажни вести, да блокираат закони и процеси кои се во интерес на граѓаните и државата. Затоа повиците на Мицкоски за обединување, за единство, не се ништо друго освен уште едно ново лицемерие“, додаваат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +