17.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи договор на скриен пазар со Бугарија

При денешната посета на Општина Ѓорче Петров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што СДСМ ја повикувалa опозицијата да учествува во работните групи со Бугарија, а тие одбивале, истакна дека треба да се држи до сериозноста на темата и ако некој има навистина чесна намера да ја вклучи опозицијата во насока да ги зајакне преговарачките позиции, треба да се седне на маса и да се разговара, но нагласи дека очигледно имаат некој пазар зад очите на јавноста и притоа упати порака дека ВМРО-ДПМНЕ таков договор на скриен пазар во иднина нема намера да поддржи.

„Сепак, треба да држиме до сериозноста на темата, ова не е циркуска атракција преку медиуми или соопштенија да се каниме на средби или да кажуваме кој кого го побарал на краток телефонски разговор од триесет секунди, се седнува на маса и се разговара ако има вистинска волја, затоа и ние повикавме, тука сме, нудиме наша помош за национално единство, еве, прво, сакаа, па не сакаа една изборна единица, првин се договоривме со Заев, па сега овој не го почитува тоа да нема техничка влада, па се премислија, па не 120, 90 пратеници, па и за тоа се премислија, па декларација, и тоа не го поддржуваат и сега кој е тој што овде работи спротивно од интересите на народот, така што ако некој има навистина чесна намера да ја вклучи опозицијата во насока да ги зајакне преговарачките позиции, првин требаше да го сподели прашалникот 5+1, 4+1 или 3-2 или веќе не знам како го нарекоа, да седнеме сериозно и да разговараме бидејќи се работи за идентитетот на македонскиот народ и за иднината на Македонија како држава. Очигледно дека имаат некој пазар зад завесата и затоа ќе се вратам на прашањето – таков пазар, скриен, зад очите на јавноста, идната влада, што и да се договори, еве ова е порака и до Петков и до Радев и до сите други што го фасилитираат тој процес, ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи“, нагласи Мицкоски.