11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Битиќи – Викерс: Развојот на Северна Македонија е со силна поддршка од Обединетото Кралство

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска оствари средба со трговскиот пратеник за Западен Балкан на премиерот Борис Џонсон, Мартин Викерс.

На средбата разговара за повеќе теми што се од обостран економски интерес на двете пријателски земји, при што е констатирано дека Обединетото Кралство е вториот најголем економски партнер на нашата земја.

Викерс ја потврди поддршката на Обединетото Кралство во нашите евроинтегративни процеси, но и поддршката во остварување на зелената агенда на Република Северна Македонија, особено преку инвестициите во обновливите извори за енергија и управувањето со отпадот.

Вицепремиерот Битиќи му се заблагодари и за поддршката што нашата земја ја има од Обединетото Кралство во првата фаза од подготовката на Националната развојна стратегија 2021 – 2041.