Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Колку чинеше пропаднатата забава на ВМРО-ДПМНЕ во Филхармонијата?

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски постојано се жалат дека нема пари, се жалат и нивните градоначалници дека општините немале пари. Колку пари чинеше вчерашната пропадната партиска забава на ВМРО-ДПМНЕ? Со кои пари беше финансирана?“, прашуваат од партијата на власт.

„Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано бараат средства, нивната партија се луксузира со прослави и отчети за 100 дена, снима спотови и организира настани, каде што промовира неработење и партизација на општините. Општините што ги раководи ВМРО-ДПМНЕ мораат да ја ревидираат својата улога во енергетска криза, мора целосно да ги намалат непродуктивните трошоци и да се однесуваат одговорно кон парите на граѓаните“, се посочува во писменото соопштение од СДСМ.

Во спротивно, велат, да престанат да се жалат, Владата не е должна да ги поддржува институциите што вака се однесуваат.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +