Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мигранти од Индија пронајдени во возило на влезот во Неготино, возачот избегал

Полицијата затекнала возило со бугарски национални ознаки во кое илегално се превезувале мигранти во Индија.

Настанот се случил синоќа на влезот во Неготино, а возачот избегал.

„Синоќа во 21.30 часот на влез во Неготино, кај крстосницата од булеварот Маршал Тито, и покрај даден знак од страна на полициски службеници за запирање на патничко возило со бугарски национални ознаки, тоа не запрело, туку ја зголемило брзината, но набрзо било затекнато сопрено на улицата Дојранска. Во возилото се пронајдени седум лица – илегални мигранти од Индија, а возачот избегал“, соопшти МВР.

По насока на Јавен обвинител мигрантите се префрлени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +