11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бизнисот го поддржува „Отворен Балкан“ и од иницијативата очекува намалување на бирократските процедури на границите

Извозно ориентираните претпријатија во Македонија во големо мнозинство, 96,4% ја поздравуваат иницијативата „Отворен Балкан“ и во неа препознаваат потенцијал кој ќе овозможи раст на нивните компании.

Ова е резулатат од истражувањето на тинк тенкот „Аналитика“ за перцепцијата на извозно ориентираните компании за иницијативата „Отворен Балкан“.

Прашани за споредба меѓу актуелната иницијатива ЦЕФТА за регионална соработка со „Отворен Балкан“, бизнисмените велат дека ЦЕФТА е добра, но не и доволна затоа што истата не овозможува целосно отворени граници и очекуваат дека „Отворен Балкан“ ќе го либерализира целосно протокот на границите и во голема мера ќе ја намали потребната документација која компаниите треба да ја приложат при преминувањето на границата.

Претставниците на компаниите опфатени со истражувањето велат дека 6 до 8% од трошоците при извозот губат на задоволување на комплицираните бирократски и административни процедури кои постојат во процесот.

Ова истражување исто така покажува дека компаните имаат многу лесни процедури кога извезуваат во земјите членки на ЕУ за разлика од оние кои се во непосредното опкружување, а не се земји членки на ЕУ.

Во таа смисла компаниите очекуваат дека со „Отворен Балкан“ ќе ги добијат истите можности како при извозот во ЕУ со оглед на тоа што земјите од Западен Балкан имаат значаен потенцијал за развој на домашните компании.

Компаниите исто така го потенцирале значењето од предвидената иницијатива во рамките на „Отворен Балкан“ во однос на либерализацијата на работната сила која ќе овозможи да се работи во земји членки на „Отворен Балкан“ и при тоа да можат да се користат и социјалното и зравственото осигурување.

На презентацијата на ова истражување присуствуваше и премиерот Ковачевски кој потецираше дека иницијативата „Отворен Балкан“ во ниту еден случај не е супститут за остварување на стратешката цел- членство во ЕУ, туку само алатка која ќе го забрза процесот на европската интеграција.

– Прашање на време е кога на Северна Македонија, Албанија и Србија кон оваа иницијатива ќе се приклучат и Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, изјави Ковачевски.

Тој исто така најави дека шефовите на држави и влади членки на оваа иницијатива ќе се состанат повторно во април во Охрид каде што ќе се разговара за унапредување на соработката во областа на културата, туризмот и потребите на младите.

Извор: НоваТВ