Centar.mk
БИЗНИС

Претставничкиот дом поддржа закон со кој се зголемува конкурентноста на САД со Кина

Мнозинството од американскиот Претставнички дом го поддржа законот вреден неколку милијарди долари, со цел да се зголеми конкурентноста со Кина и да се поттикне американското производство на полупроводници, и покрај противењето на републиканците.

За предлог-законот гласаа 222 конгресмени во Претставничкиот дом, кој е под контрола на демократите, додека 210 беа против.

По гласањето во овој дом, ќе следат преговори со Сенатот за компромисна верзија на законот, кој мора да биде усвоен од двата дома пред да биде испратен во Белата куќа на потпис oд претседателот Џозеф Бајден.

Предлог-законот вклучува 52 милијарди долари субвенции за производство на полупроводници и истражување на клучните компоненти што се користат за производство на автомобили и компјутери.

45 милијарди долари се наменети во период од шест години за да се ублажат проблемите со синџирот на снабдување предизвикан поради недостиг.

Можеби ќе ве интересира

29.990 ДОЛАРИ ЗА ВОЗИЛОТО, УШТЕ 299 МЕСЕЧНО – Tesla отвори ограничени нарачки за Cybercab

ДЕСК

NASDAQ ЗАВРШИ ВО МИНУС, DOW ОСТАНА ВО ПЛУС – Технологијата го повлече Волстрит во петокот

ДЕСК

БРЕНТОТ НА 95,84 ДОЛАРИ, АМЕРИКАНСКИОТ ГАС ПАДНА – Како енергенсите ја завршија неделата?

ДЕСК