Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Забрана за тешки моторни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

Воведената забрана за тешки моторни возила на патниот правец Охрид – Битола и обратно преку планинскиот превој Ѓавато на 2.2.2022 година во 7.10 часот е укината.

Воведената забрана за тешки моторни возила, како што информира АМСМ, кај мавровска крстосница и обратно, преку планинскиот превој, на 2.2.2022 година во 7.30 часот е укината.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има за планинскиот превој Ѓавато, како и на патните правци Маврово – Дебар и Струга – Ќафасан.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е небо и земја

ДЕСК

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК