Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен скопјанец за издржување на затворска казна

На први февруари во 19.30 часот на ул.„Виничка“ во Скопје, полициски службеници од оперативен тим – потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Р.(38) од Скопје.

Тој се барал со потерницаод Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години и шест месеци.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.