Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривични пријави за двајца таксисти од Кичево, превезувале патници без лиценци

Против две лица од Кичево се поднесени кривични пријави бидејќи тие превезувале патници без лиценци.

Според информацијата од МВР, кичевската полиција има поднесено кривична пријава против Н. Д. (35) и И. Ј. (65), двајцата од Кичево.

При сообраќајни контроли, извршени на 14.1.2022 и 20.1.2022 на улицата Гоце Делчев во Кичево, полициските службеници ги затекнале пријавените при вршење јавен такси-превоз на патници, без да поседуваат соодветни лиценци за вршење превоз на патници, како и извод од лиценци за возило, издадени од надлежен државен орган.

Можеби ќе ве интересира

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК