10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР демантира: „Не сме му издале пасош на Радоје Звицер“

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека на Радоје Звицер, му бил издаден македонски пасош.

„Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека на извесен Радоје Звицер, му бил издаден македонски пасош. Потсетуваме и дека случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат.“, се наведува во демантот од МВР.

Реакцијата следи откако претходно опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека министерот Оливер Спасовски и МВР му издале македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Звицер е еден од водачите на кавачкиот клан, кој се товари за организирање и нарачување на повеќе убиства на територијата на Црна Гора и други земји.

Спонзорирано: