Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

За незаконит лов, приведено 58-годишно лице од Кочани

Полициски службеници вчера го лишиле од слобода лицето Ј.П.58 години од Кочани, бидејќи во местото викано Потоците, атар на Оризари, Kочанско, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „цифсан ЦСП 555“ калибар 12 ГА.

Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34 броја калибар 12 ГА.

По целосно документирање на случајот против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК