22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Анкета на ВМРО ДПМНЕ, која ја објави ВМРО ДПМНЕ: Водиме, СДСМ не чини

Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека Заев има лоши резултати како премиер, а највисоки 64% сметаат дека владата не се бори против корупцијата, тврдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи втор дел од анкетата на ВМРО ДПМНЕ, а која била реализирана од агенција ИПСОС.

Од ВМРО ДПМНЕ Велат дека анкетата била направена за потребите на партијата, а агенцијата спровела теренска анкета од шести до 20 декември 2021г. врз 1 023 испитаници на територијата на цела држава, запазувајќи ги демографските карактеристики.

На прашањето „Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата“, според резултатите што го објави партијата, 53 проценти од испитаниците одговориле дека резултатот од работата е лош, а 29 проценти дека е добар.

На прашањето „Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата“, 64% одговориле дека е незадоволителна, а 29% дека е задоволителна.

Третото прашање гласи „Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе Владата за справување со ковид-кризата“. Според резултатите, 55 насто од испитаниците се незадоволни, а 37 насто се задоволни.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ го објави првиот дел од анкетата според кој на прашањето „Доколку би имало утре предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале“, наводно најголем број граѓани одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ – 21 отсто. Според ВМРО ДПМНЕ, во нивната анкета, за СДСМ одговориле дека ќе гласаат 12,5 отсто од испитаниците. Трета е ДУИ со 7,2 отсто, потоа Левица со 4,3 отсто и Алијанса за Албанците со 3,3 отсто.

Спонзорирано: