11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Се верува дека се’ што ќе направите денес, ќе го правите цела година – Денес е голем празник

На 2 јануари се празнува Свети Игњат, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година. Постои верување дека она што ќе го правите тој ден, ќе го правите и цела година.

„Вистинските” бадникови и божиќни обичаи почнуваат на тој ден, на втори јануари со празникот Св. Игњат. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството.

Игњат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.

За тој ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на втори јануари да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е на тој ден да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игњат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.

Спонзорирано: