Centar.mk
БИЗНИС

ЕСМ: Одлуката на Регулаторна е на линија со нашите заложби корекцијата на цената да биде едноцифрена

АД ЕСМ го поздравува фактот што Регулаторната комисија за енергетика одлучи покачувањето на цената на електричната енергија да биде во минимални рамки и едноцифрено. АД ЕСМ претходно се согласи да ја продава електричната енергија кон ЕВН Хоме за потребите на граѓаните по компромисна цена од 41 евро за мегават час, со цел да не предизвика значајно покачување во својот дел на учеството во крајната цена на стујата, соопштија од таму.

Појаснуваат дека при одредување на цената на АД ЕСМ, со првенствено значење се земаше токму проекцијата на тоа која ќе биде крајната цена за потрошувачите. Од тие причини, велат, се внимаваше ЕСМ да предложи и владата да поддржи и да препорача цена која нема да предизвика голем ценовен шок во општеството, а сепак ќе ја задржи стабилноста на компанијата. Во таа насока се и последните одлуки на Владата за дополнително снабдување на ЕВН Хоум преку ЕСМ во услови на кризна состојба, додаваат од АД ЕСМ.

Улогата на АД ЕСМ со новиот закон за енергетика е државниот производител на електрична енергија да обезбеди времена ценовна тампон зона во период од неколку години, и АД ЕСМ ги вложува сите капацитети, и производни и човечки, да ја исполни својата обврска и да одржи стабилен и сигурен електро-енергетски систем и непречена испорака на електрична енергија за домаќинствата, е истакното во нивното соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата ќе се зголеми за околу 30 евра, а пензиите за илјада денари – но како ќе преживеат работниците и пензионерите во време на силна инфлација и голема стапка на сиромаштија?

ДЕСК

ФРАПАНТНИ БРОЈКИ: Речиси секој четврти македонски граѓанин живее во сиромаштија

ДЕСК

СИНДИКАТИТЕ ЌЕ ПОВИКААТ НА ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ: Минимална плата од 600 евра или работниците ќе се излеат по улиците

ДЕСК