3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Загадениот воздух во Скопје и Струмица покажува дека наместо на проекти заевизмот со години бил посветен на криминал

Власта на СДСМ пет години ништо не направи за справување со загаденоста на воздухот, како во Скопје, така и во другите градови во Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие сметаат дека власта на СДСМ не го има реализирано капиталниот проект, гасификација на домаќинствата и индустријата, нешто што според нив ќе донесеше економски бенефит, но и значително ќе го намалеше загадувањето на амбиенталниот воздух. Неспособната власт на Заев и СДСМ, велат од партијата на Мицкоски, беше фрлена на криминал и корупција, затоа не направи ништо на ова поле.

„Најдобар показател за негрижата на СДСМ за животната средина е општина Струмица. Во општина Струмица заевизмот владее од 2005 година, а денес Струмица е еден од најзагадените градови во Македонија и регионот. Вредностите на ПМ-честиците во воздухот во Струмица рушат црни рекорди, иако пропагандата на заевизмот тврдеше дека спровеле успешна гасификација. Вистината е дека нема никаква ефективна гасификација, туку јак бизнис на заевизмот. Патем во Струмица нема ниту индустрија, освен фирмите на кланот Заеви, што значи дека освен заевизмот нема кој друг да загадува. Јасно е дека заевизмот труе со своите лаги и својот криминал“, стои во нивното соопштение.

Само со реални мерки, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, може да се подобри квалитетот на воздухот, но за тоа, сметаат дека се потребни промени и заминување на заевизмот.

Можеби ќе ве интересира

Во август има уште еден неработен ден и се паѓа во четврток – Ова се сите празници до крајот на годината

ДЕСК

Спасовски: Најостро го осудувам националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортскиот натпревар во Куманово

ДЕСК

СДСМ: Говорот на омраза се засилува пред избори, силно ги осудуваме навредите на кошаркарскиот меч во Куманово

ДЕСК