Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

По трет пат се отвора „Јавна соба“ на Телеграм

На социјалната мрежа Телеграм отворена е нова група „Јавна соба“ во која се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија, објави Телма.

Групата за еден ден брои 219 членови, а досега се споделени 61 фотографија и 14 видеа.

Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм.

Тогаш групата беше затворена, но во јануари годинава повторно беше отворена нова група. ОЈО во месец април по силни реакции во јавноста, поднесе обвинение прототив две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.

Од Основниот кривичен суд – Скопје за Телма кусо одговорија дека утре продолжува судењето за случајот „Јавна соба“ против двајца обвинети лица.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК