24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ порано насмеани до уши гостуваа во 1 ТВ, а денес станаа мегафони на Боки 13

ВМРО-ДПМНЕ 11 години како режимска власт корумпираше, затвораше медиуми, вршеше притисоци кон критички настроени новинари. Денес, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски има ист однос кон медиумите и новинарите, соопшти СДСМ.

„ Граѓаните и медиумските работници треба да знаат дека нервозниот Мицкоски лично се јавува по телевизии да влијае врз уредувачката политика, но тоа тешко му оди бидејќи времето на Груевски и режимот, времето на притисоци кон новинари и медиуми заврши со доаѓањето на СДСМ на власт. СДСМ и граѓаните никогаш нема да дозволат да се загрози слободата на новинарите.

Цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во 1 ТВ за која денес шират лажни вести и измислици. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ на дело, порано насмеани до уши гостуваа во 1 ТВ, а денес станаа мегафони на Боки 13. Лажните вести не можат да го сокријат фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е непријател и најголем штетник на медиумските права и слободи“ се наведува во соопштението на владејачката партија.