25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Просечната плата во Македонија стигна речиси 500 евра

Според Државниот завод за статистика (ДЗС) просечната месечна исплатена нето-платa по вработен, во октомври годинава изнесува 29.145 денари.

Според податоците на ДЗС, највисоката нето плата е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 73.540 денари, следи Останати стручни, научни и технички дејности – 49.352 денари, па Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препрати – 47.933 денари, па Воздухопловен транспорт – 45.656 денари и Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 44.995 денари.

500 евра просчена плата беше ветување на премиерот Зоран Заев во 2016-та година за во 2020., но коронакризата го забави растот на економијата, сепак во 2021 Македонија може да се пофали со речиси 500 евра просечна плата, која најверојатно ќе добие појачување откако ќе се изгласа законот за минимална плата, која наместо 14500 сега треба да биде најмалку 18.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

По 17 години – нови правила за одобрување возила од 1 септември: Поевтино, побрзо и 1,3 милиони евра назад кај македонски компании

ДЕСК

ССМ со жестоко соопштение: Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот

ДЕСК

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Зголемување на цените на горивата – падна одлука во РКЕ

ДЕСК