Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возачи на тетовски автобус со невалидна документација сакале да излезат од земјава

Еден возач покажал фалсификувано лекарско уверение, а другиот воопшто не го поседувал по извршена полициска контрола во автобус од Тетово кој бил на излез од државата.

Според надлежните, денеска во 11:30 часот на Граничен премин Табановце, при излез од државата, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Тетово.

Притоа, едниот возач В.Д.(39) од Тетово приложил фалсификувано лекарско уверение, а другиот возач Ш.О.(49) од Гостивар не поседувал лекарско уверение.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК