Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Силување во Гостивар: Извршил обљуба врз 17 годишна девојка, која била невенчана сопруга на неговиот братучед

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 31-годишен жител на Гостивар, на 27 јули, со употреба на сила и закана извршил обљуба врз девојка која во моментот на сторување на делото имала 17 години.

Оштетената, инаку невенчана сопруга на братучед на обвинетиот, за цело време давала отпор и се обидувала да побегне, но тој со удари со бокс и влечење за коса ја принудил на полови дејствија.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК