Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се запали „мерцедесот“ во кој се возел претседателот на Стопанската комора за енергетика

Експлодираше и целосно изгоре возилото во кое се возел претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков. Оваа информација со фотографии од целосно изгореното возило ја објави на својот Фејсбук профил Стопанската комора за енергетика на Македонија.

Мансков се возел во автомобилот со сопатник на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје север.

-Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа и веднаш реагираше, но НЕ успеаа да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до темел за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи, соопштија од Комората.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи и Противпожарната служба.

*фотографијата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК