25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров: Евентуално решение со Бугарија да биде потврдено во Собранието

Валидација од Парламентот за евентуално решение со Бугарија побара денеска вицепремиерот Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции (НСЕИ), на денешната седница на којашто беа дискутирани заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) усвоени минатиот вторник (14 декември).

Димитров подвлече дека за надминување на состојбата потребно е обединување и заедничко делување за заштита на највисоките национални интереси пред секои други:

„ Оваа тема во државава ги надминува интересите на една или на друга влада, на една или на друга опозиција, а со оглед на тоа што во коалицискиот договор на новата бугарска Влада има проминентно место и на Собранието, каде што секое евентуално решение ќе оди на дебата и на валидација во Парламентот во Софија. А исто така, имајќи ја предвид и резолуцијата донесена во нашето Собрание, каде што се утврдуваат црвените линии во ова прашање од највисок национален интерес, мислам дека има логика и ќе се зголеми легимитетот ако и ние, чекор по чекор градиме политичка атмосфера, во насока дека какво било решение што мора да биде европско и мора да биде достоинствено, ќе дојде на дебата, на валидација и во македонскиот парламент.“

На седницата присуствуваше и шефот на Делегацијата на ЕУ – Дејвид Гир, при што членовите на НСЕИ се согласија дека ова собраниско тело треба да има клучна улога во процесот.