12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
МАКЕДОНИЈА

Претрес во велешко, пронајдени оружје и муниција, приведени две лица

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес утрово во с.Горно Јаболчиште уапсиле две лица кај кои било пронајдено оружје. Според информациите, се работи за М.У.(60) и И.У.(34), двајцата од истото село.

Во 06.00 часот, при претрес во куќа и помошни простории каде живеат двете лица, извршен со судска наредба, биле пронајдени: една автоматска пушка кал.7,62 мм со две рамки и 50 куршуми, една ловна пушка кал.16 мм, еден пиштол 7,62 мм со една рамка и 22 куршуми и еден пиштол 7,65 мм со една рамка. Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Спонзорирано: