Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата му стегна “кривична”: Му стигал кеш на сметка цела година, а тој не платил 10% данок

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.В.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот, во текот на 2017 година, на своја денарска сметка во банка во 34 наврати уплатил 1.624.342 денари остварени како друг приход. За тој износ тој не поднел годишна даночна пријава и на тој начин одбегнал да плати данок на доход од 10% или 162.434 денари, сума за која го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК