Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Три лица тешко повредени кога автомобил излетал од патот Кратово-Пробиштип

Синоќа во 19.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Кратово-Пробиштип, во атар на с.Кундино, патничко моторно возило „опел астра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(30) од Пробиштип, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката Љ.П.(25) и уште една малолетна сопатничка, двете од Пробиштип, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом во Пробиштип.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК