Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кумановка со нож го нападнала сопругот зашто сакал да го повреди нивното дете

Во куќа во кумановското село Табановце, вчера, во вечерните часови се случила семејна расправија со тешки последици.

Како што информираат од МВР, 23-годишната Ј. А. во текот на расправијата со остар предмет му нанела убодна рана на својот сопруг Љ. А. (25), кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете.

Тој бил пренесен во кумановската болница, каде што му биле констатирани тешки повреди.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски на екскурзија во Германија додека граѓаните не можат до парите и пензиите заради Алта банка

ДЕСК

Левица: Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените

ДЕСК

Левица: Пет години Клиничката болница во Битола не прави спермограми – пациентите се принудени да плаќаат по 150 евра за анализа

ДЕСК