Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ништо ново од Мицкоски, нема став за прашањата важни за граѓаните и државата

Соопштение за јавност на СДСМ – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски:

Ништо ново од Мицкоски, нема став за прашањата важни за граѓаните и државата

Граѓаните може да се уверат дека нема ништо ново ниту во ВМРО – ДПМНЕ ниту кај Христијан Мицкоски.

Не слушнавме ниту еден став за прашањата кои се важни за граѓаните и за државата.

На пример Мицкоски не кажа кој е неговиот став за недела неработен ден или пак за зголемување на минималната плата?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ го блокираше законот за работни односи во Собранието?

Молк од Мицкоски за повеќе суштински прашања од интерес на граѓаните.

Се добива впечаток дека и самиот тој е незадоволен од себе си па мораше на интревју да го дообјаснува неговиот настап на Конгресот пред само неколку дена.

Останува да видиме уште колку интервјуа ќе му бидат потребни на Мицкоски да се дообјаснува.

Празни збори и флоскули не се политика, тоа е време да го научи Мицкоски.