16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„Попусто е да се објавуваат книги, ако нема каде да се продаваат“- издавачите бараат материјална помош за спас на книжарниците

Конзорциумот на издавачките куќи, книжарниците и печатниците укажуваат дека економската криза и условите на пандемијата мошне сериозно го погодиле издаваштвото и печатарството во земјата.

Од Конзорциумот нагласуваат дека голем број книжарници се затворија, а тие што останале одвај опстојуваат и се наоѓаат во ситуација пред целосно затворање, неработење и исчезнување.

„Молиме и бараме Министерството за култура и Владата на Република Северна Македонија посебно да се погрижи за книжарниците и книжарите, зашто книжарството кај нас со години беше во криза, преживуваше и не се развиваше и напредуваше (со ретки исклучоци кога материјалната поддршка беше добиена од државни извори), па сега книжарниците се наоѓаат во катастрофална положба, пред колапс и трајно бришење од регистарот на трговски фирми и мапата на стопански субјекти. Недозволиво е во голем број градови од нашата Република да нема ниту една книжарница, или да има само една а најмногу две, но и тие не продаваат книги и други изданија, туку само училишен прибор, канцелариски материјали и други најразлични ситници меѓу кои најчесто играчки, па дури и тоалетна хартија“, велат од Конзорциумот на издавачките куќи, книжарниците и печатниците.

Предлагаат директна државна материјална помош и долгорочни стимулативни законски мерки за сите книжарници во Македонија, со што ќе се зачуваат, спасат и обноват постоечките, а ќе се отворат и нови книжарски места таму каде што воопшто ги нема.

Попусто е да се објавуваат книги, велат издавачите, ако нема каде да се изложат, продаваат, промовираат и да стигнат до рацете на читателите.

Спонзорирано: