Попладнево на излезот од Дебар, на патниот правец Дебар – Струга, во близина на објектот на поранешната Електродистрибуција, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која се повредени седум лица, од кои две потешко.
Во несреќата, учествувале две патнички моторни возила, едното од Дебар, а другото од село Новак, општина Центар Жупа.
Повредени се седум лица, од нив две потешко, додека петмина се со полесни повреди.
На местото на настанот се врши увид, а сообраќајот се пренасочува преку населбата Венец два.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


