Centar.mk
ЛОКАЛНО

За 24 часа граѓаните испратиле 51 барање до електронската служба на Град Скопје

Активно функционира електронската адреса за комуникација на Град Скопје со граѓаните 24@skopje.gov.mk како дел од програмата за отворен град 24 часа, информираат градските власти.

Од таму нагласуваат дека во првите 24 часа до Градот се испратени 51 барање од граѓани и истите се процесирани од градската администрација.

„Преку новата електронска адреса, граѓаните пријавуваат проблеми и барања, а најголем број од нивните пријави се однесуваат на проблеми поврзани со сообраќајот, инфраструктурата, комуналната хигиена, како и барања за поголема ажурност на секторските одделенија за даноци, урбанизам и целокупната градска администрација. Голем дел од барањата на граѓаните се веќе решени, а преостанатите се во процес на решавање“, се наведува во соопштението.

Градот Скопје на овој начин има намера да овозможи подобри услуги за граѓаните и транспарентност во работата.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +