Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи на министерски состанок на ОН за мировни операции

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе учествува на министерскиот состанок на Обединетите нации за мировни операции, што ќе се одржи виртуелно во организација на министерот за надворешни работи на Република Кореја, Чунг Еуи-јонг, и министерот за национална одбрана, Су Вок, заедно со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Министерот Османи ќе се обрати на првата сесија „Одржување на мирот“, на која ќе бидат разменети мислења за соработката во делот на мировните операции во рамките на ОН, како и за превентивната дипломатија како основа за градење на мирот.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

ДЕСК

Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 39 мерки, едно лице е лишено од слобода и одземено е едно возило

ДЕСК

Мицкоски на промоција на оклопни возила STRYKER

ДЕСК