Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува, а партијата мора да е препознаена преку чесни, посветени и ангажирани луѓе

Фејсбук статус на Димитар Ковачевски:

Особено ми е драго што денес во Куманово наидов на одличен прием и поддршка од сопартијците и членовите на раководството. На средбата каде ја презентирав програмата присуствуваа и наши членови на раководствата од Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и Арачиново. Пред нив истакнав дека на СДСМ му е потребен јасен и фер внатрепартиски систем каде луѓето се почитувани и наградувани согласно придонесот. СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува, а партијата мора да е препознаена преку чесни, посветени и ангажирани луѓе. Посветеноста и одговорноста на секој кој има партиска функција ќе биде единствено мерило за напредок. Јас сум убеден дека ваквиот пристап ќе придонесе за поголема мотивација и ангажман на целото членство на СДСМ, но и поддршка на сите граѓани.
До сега Владата на СДСМ направи крупни промени и реши децениски проблеми. Се грижевме за сите граѓани, ги покачивме платите и изградивме фер социјален систем. Овие добри политики мора да ги продолжиме и да ги унапредиме.
#заедно

Можеби ќе ве интересира

Драматична предновогодишна бркотница во Битола – Бившата му упатувала закани, па го бркала со возилото низ градот

ДЕСК

Царинска управа: Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

ДЕСК

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба – државата има потреба од одговорност, сериозност и заедничка грижа за општото добро

ДЕСК