5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Кој беше Славиша Каевски – актерот кој прерано замина

Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на Факултетот за драмски уметности на отсекот за актерска игра, во класата на професор Владимир Милчин, а од 2010 година е актер во Македонски народен театар – Скопје.

„Ти на оваа сцена беше Клег во ’Бесачи‘, Ленокс во ’Макбет‘, Семјон Семјеевич Медведенко во ’Галеб‘, Миле Прлиќ од ’Ничија земја‘, Императорот во ’Авантурите на Аладин‘, Еснафот во ’Силјан штркот шанца‘, Таткото во ’Соларис‘, Сергеј Александрович во ’Животот е прекрасен‘, ’Тероризам‘, Агамемнон и Еврипид во ’Електра‘, Таткото Тил во ’Сината птица‘, Озрик и Цар Едип во ’Аферата Елсинор‘, Готфрид Најцзекер во ’Вечната куќа‘, Грен во ’Подемот и падот на кабарето‘, ’Декамерон‘, ’Животот е сон‘, Јован и Анѓеле во ’Парите се отепувачка‘, Корубин во ’Свадбата на Фигаро‘, Тибалт во ’Ромео и Џулиета‘, ’Бесови‘, ’Немој ти мене Фауст‘, ’Троил и Кресида‘, ’Суд‘, ’Лет во три глави‘, Рака во ’Госпоѓа Министерка‘, Џими во ’Вејка на ветрот‘, Гласникот во ’Мара/САД‘, Маро Мароев во ’Дундо Марое‘, Морис во ’Дракула’… Остана да те гледаме како Фантом во филмот ’Хомо‘, Енди Гомез во ’Baaghi‘, Сурла во филмот ’Еј‘, Пики во ’Црвената соба‘, Павел Киров во ’Последните Македонци‘, Гласот во ’Скопје Ремиксд‘, Малиот во ’Ова не е американски филм‘, Јане во ’Некои поинакви приказни‘, Павел во ’Превртено‘, Војникот во ’Караула‘, Момчето со маска во ’Бал-кан-кан‘ и друго“, соопшти МНТ.

Комеморацијата е утре во МНТ, петок, 03.12.2021 година во 10:00 часот, а погребот е во 12:00 часот, во капелата Ѓорче Петров.