Centar.mk
ЛОКАЛНО

Бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ за лицата со оштетен слух

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, го оствари предизборното ветување што им го даде на членовите од Националниот сојуз на глуви и наглуви за време на кампањата во предизборниот процес. Станува збор за користење бесплатно паркирање на лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ, на целата територија на општината.

На денешната средба иницирана од градоначалникот Герасимовски беше потпишан меморандум за соработка меѓу Васко Кичевски, директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, и Томица Стојановски, претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви, со кој, по одлуката на Советот на Општина Центар, ќе почне и неговата примена.

„Со овој меморандум за користење бесплатно паркирање на паркинзите под надлежност на Општината, конечно, го исполнуваме неколкугодишното барање на лицата со оштетен слух. Оваа услуга, која веќе ја користат лицата со оштетен вид и телесен инвалидитет, досега не беше овозможена за лицата со оштетен слух. Токму затоа беше и нашата средба пред еден и пол месец, на која се заложив дека ќе им излезам во пресрет“, изјави Герасимовски на средбата.

Оваа привилегија на сите паркинзи на ПОЦ ќе може да ја користат сите лица што поседуваат лекарска потврда за оштетен слух од над 90 % и сите членови на Националниот сојуз на глуви и наглуви.

Општина Центар и во иднина ќе работи на овозможување услуги што ќе им го олеснат животот на лицата со телесен инвалидитет или каква било друга попреченост.

Можеби ќе ве интересира

ОХРИД ДОДЕЛУВА ПО 6.000 ДЕНАРИ ЗА СТУДЕНТИ – Пријавувањето трае до 4 декември

ДЕСК

Успешно реализирана уште една еколошка акција „Не оставај ѓубре, остави пример“

ДЕСК

Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден

ДЕСК