Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Девет лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Бугарија

Девет лица загинаа во пожар во дом за стари лица во селото Ројак, во близина на Провадија во североисточна Бугарија, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

Пожарот го преживеале 48 лица, кои се евакуирани. – Во моментов тие се сместени во училишниот двор и се во добра состојба, изјави градоначалникот на Далгопол, Георги Георгиев.

Луѓето ќе бидат превезени со училишни автобуси до општинскиот хотел во село Аспарухово.

На местото веднаш се испратени пет противпожарни возила и спасувачки екипи. Според првичните податоци, пожарот избувнал од покривната конструкција на зградата и го зафатил третиот кат.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +